ССМ најави генерален штрајк од 22 јуни, доколку не се исполнат барањата до 21 јуни

22

ССМ донесе одлука за генерален штрајк во јавниот сектор доколку не се исполнат барањата, изјави петседателот на ССМ, Дарко Димовски.

– Доколку не се исполнат барањата до 21.06 на 22.06 јуни Сојузот на синдикати на Македонија ќе ги повика сите работници како членови и сите останати незадоволни работници да ги прекинат нивните работни процеси на своите работни места и да изразат големо незадоволство или како што велиме ние да направиме генералешн штрајк, кажа Димовски.

ССМ бара потпишување на колективен договор со кој ќе се утврди линерлното зголемување на платите од 2.806 денари за сите работници во јавниот сектор и враќање на изгубеното право регрес од 2023 година во износ од 30 до 100% од просечната плата во државата.

Во протестот кој го најави тој ќе бидат вклучени војската, полицијата, здравството, образованието, комуналните претпријатија, управата, администрацијата, општините.

Фото: ССМ