Во текот на Олимписките и Параолимписките игри во Рио, во монтажниот стадион Future Arena ќе бидат организирани натпревари по ракомет и ќе собере околу 12.000 гледачи. Штом завршат Игрите, конструкцијата на стадионот ќе се искористи за три училишта, пишува Psam.uk.
Овие три училишта, со капацитет од по 500 ученици, се дел од проектот чија вредност е 57 милиони евра. Зад овој проект стои локалната компанија Lopes, Santos & Ferrerira Gomes во соработка со британското архитектонско биро AndArchitects. Тие го примениле таканаречениот принцип на “номадска архитектура“, односно монтажа на објект којшто може да се пресели на ново место со сосема нова функција.
Во Future Arena од април оваа година се организирани повеќе настани како своевиден тест за претстојните Олимписки игри.