Стаклен тобоган на висина од 305 метри ќе биде поставен на надворешниот дел од зградата US Bank Tower, пишува Mashable.
Тобоганот го носи името Skyslide и е дел од проектот OUE Skyspace LA, зад којшто стои фирмата OUE од Сингапур и архитектонското студио Gensler.
Овој стаклен дел на највисоката зграда во градот ќе претставува и своевидна опсерваторија бидејќи ќе нуди поглед од 360 степени на Лос Анџелес. Новата туристичка атракција ќе биде долга 14 метри и широка 1,2 метри. Дебелината на стаклото на тобоганот ќе биде 1,2 сантиметри.
Оваа стаклена атракција се очекува да биде отворена на 25-ти јуни, а билетот се очекува да чини 25 долари.