Стакленици со магента покрив помагаат за подобар род на растенијата

57

untitled

Фото: Youtube

Компанијата Soliculture креира стакленици чии покриви имаат магента боја, пишува New Atlas. Според истражувањата на Универзитетот Санта Круз во Калифорнија, оваа нијанса им помага на одредени растенија подобро да успеат.

Стаклениците користат специјална технологија – Wavelength-Selective Photovoltaic Systems (WSPVs), што генерира електрична енергија многу поефикасно и по цена помала од традиционалните фотоволтаични системи.

Стаклото на кровниот панел е обоено со магента боја којашто ги апсорбира сините и зелените бранови должини на светлината и ја пренесува нивната енергија во тесни фотоволтаични ленти. Токму овие ленти се одговорни за производството на електрична енергија.

Енергијата може да се користи во стаклениците за разни фенови, грејачи и системи за наводнување и со тоа стакленикот да функционира без потреба од фосилни горива.

Според истражувањата на еден од основачите на компанијата, професорот Мајкл Лоик, на 80% од растенијата во стаклениците воопшто не им пречела бојата, додека преостанатите 20% успевале многу подобро. На доматите коишто растеле во овие стакленици им требало 5% помалку вода.