Стан во Белград продаден за 1,4 милиони евра

157

Најскапиот квадратен метар за недвижнини во Србија, во последниот квартал од минатата година, бил на ексклузивна локација во српската престолнина во комплексот Белград на вода. Тој достигна цена од 8.754 евра за квадрат, а неговиот нов сопственик искешира 1.426.888 евра, пренесуваат српските медиуми.

Според официјалните податоци, првите 13 станови во Србија, се продадени во овој комплекс.

Кога станува збор за стара градба, највисоката цена по квадрат е 4.452 евра за стан на улицата Крал Петар во белградската општина Стар град, а најмногу пари за стан во стара градба, во износ од 400.000 евра, се дадени за стан на друга улица во истата општина.

Фото: Facebook