
Од 1-ви декември се очекува „олеснување“ на кредитните услови за млади брачни парови кои купуваат прв стан. Гувернерот на, НБМ Трајко Славески очекува дека банкарите ќе го следат овој сигнал. Градежниците пак велат дека пред да се спроведе некоја мерка потребна е анализа и долгорочна стратегија за пазарот со недвижности во државата. За четири години цените за квадратен метар се зголемија за повеќе од двојно.
“Фиксна камата од 3,50% во првите 120 месеци, варијабилна камата за остатокот од периодот од 6,94%“
Водечките банкарски групации со приближно исти кредитни понуди за граѓаните кои сакаат да купат стан. Каматите се движат од 3% па нагоре во зависност од тоа за колку долг период се фиксни или променливи, роковите се отплата се движат од 5 години па се до 30 години.
Главната конкурентска разлика која може да се воочи преку официјалните податоци што ги објавуваат банкарите е во нијансите на каматите и во провизииите, надоместоците и осигурувањето што се бара за станбениот кредити. Најавата на гувернерот дека НБМ донесе одлука купувањето на стан да го направи подостапно за младите брачни парови, бизнис-банкарските кругови ја пречекаа со различни коментари – од тоа дека се работи за потег кој значајно нема да ја промени состојбата до тоа дека сепак, конечениот збор за олеснување на кредитните услови ќе го имаат самите банкари.
„Бизнис-инфо“ стапи во контакт со менаџери од градежниот сектор. Една од првите забелешки беше дека одлуката на НБМ е донесена интерно, градежните компании не биле консултирани.
„За една ваква мерка мислам дека е потребна анализа која треба да ги покаже причините и ефектите. Сега учеството за стан изнесува околу 20%, со мерката на НБМ треба да се намали на 10% за младите брачни парови кои купуваат прв стан, но дали тоа ќе биде така и под кои услови, ќе кажат банкарите. Сметам дека оваа мерка за така наречено олеснување на кредитните услови за младите брачни парови нема да даде ефект врз позначајно зголемување на побарувачката“ – вели за „Локално“, Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија при ССК.
Целиот текст на Локално.мк