Standard & Poor’s предвидува повисок економски раст во Русија и понатамошен пад на невработеноста

47

Меѓународната рејтинг агенција Standard & Poor’s (S&P) ја подобри прогнозата за раст на бруто домашниот производ на Русија (БДП) за оваа година на 4,0 проценти од претходно проектираните 3,7 проценти.

Документот, кој се фокусира на пазарите во развој, дава и прогнози за растот на БДП на Русија во следните две години, а аналитичарите на агенцијата очекуваат руската економија да порасне за 2,6 проценти следната година и за 2,0 проценти во 2023 година, пренесе Russia Today.

S&P проценува дека инфлацијата во Русија ќе биде 6,1 проценти оваа година, по што следната година ќе се намали на 4,2 проценти. Според ова истражување, референтната каматна стапка на централната банка ќе се зголеми до крајот на годината на 7,0 проценти од сегашните 6,75 проценти.

Економските аналитичари на агенцијата очекуваат дека девизниот курс на руската рубља во однос на американската валута ќе застане на 72 рубљи за долар на крајот на годината, но дека постепено ќе ослабне до 77,5 рубљи за долар до 2024 година.

Тие, исто така, предвидуваат дека стапката на невработеност во Русија годинава ќе изнесува 4,9 проценти, а за три години ќе се намали на 4,6 проценти.