Станфорд отвори нова хај-тек болница каде ќе работат и роботи

176

Универзитетот Станфорд отвори нова хај-тек болница, каде ќе биде применета врвна технологија, вклучувајќи и роботи.

Целта како што велат оттаму е да им се овозможат на пациентите што подобри услови  нега, пишува Wall Street Journal. Болницата којашто вреди 2,1 милијарди долари и се правеше повеќе од 10 години, се наоѓа во болничкиот кампус на Stanford Health Care во Пало Алто, Калифорнија.

Болницата има 386 приватни соби, каде што пациентите можат да контролираат светло, температура, опции за забава, од нивниот кревет со помош на мобилна апликација. Освен пациентите тоа ќе можат да се поврзат и со лекар или водач низ болницата.

Во болницата ќе има и роботи кои ќе пакуваат лекови и носат каде што треба.

Со ова луѓето ќе бидат послободни за да извршуваат поважни задачи. Освен тоа ќе има и 23 автоматизирани возила кои ќе разнесуваат алишта и ќе го собираат ѓубрето.

Фото: Stanford