Стапката на инфлација во Германија го достигна највисокото ниво на сите времиња

46

Годишната стапка на инфлација во Германија во април изнесуваше 7,4 отсто, а во март 7,3 отсто, објави во вторник германската Федерална статистичка служба (Дестатис).
„Стапката на инфлација го достигна највисокото ниво на сите времиња втор месец по ред од обединувањето на Германија“, рече Георг Тиел, претседател на Дестатис.

Во март, главен двигател на инфлацијата беа цените на енергијата, додека главни причини за инфлацијата во април беа цените на енергијата и храната.

Цените на храната минатиот месец се зголемија за 8,6 отсто, а на енергијата за 35,3 отсто.

„Влијанието на војната во Украина станува сè повидливо“, рече Дестатис.

На месечно ниво, потрошувачките цени во април пораснале за 0,8 отсто.