Стапката на инфлација во Турција се приближи до 70% во април

110

Речиси 70 отсто инфлација е забележана во Турција во април, соопшти турскиот статистички институт, цитиран од приватната телевизија НТВ.

Според институтот, стапката на инфлација во земјата, пријавена во април, изнесува 69,97 отсто.

Најголем скок на цените на годишно ниво минатиот месец е забележан во транспортот – 105,86 отсто. Порастот кај храната и безалкохолните пијалоци е 89,10 отсто, во образованието 35,95 отсто, а кај облеката и обувките 26,23 отсто.

Во март, пријавената инфлација на годишна основа изнесува 61,14 отсто.

Турската централна банка ја ревидираше својата прогноза за зголемување на инфлацијата на крајот на годината минатата недела за речиси 20 процентни поени.

Во новиот извештај, годишната стапка на инфлација во 2022 година се очекува да биде 42,8 отсто наспроти 23,2 отсто во претходната прогноза, изјави гувернерот Шахап Кавјоглу.