Стапката на невработеност во Европската унија минатата година изнесуваше шест проценти

Просечната стапка на невработеност во Европската Унија минатата година изнесуваше шест проценти, покажаа податоците на Евростат.

Невработеноста во ЕУ малку се зголеми во споредба со претходната година, кога изнесуваше 5,9 проценти, се додава во соопштението.

Меѓу земјите-членки на Европската Унија, Шпанија имаше највисока стапка на невработеност минатата година од 10,7 проценти, по што следуваат Финска со 9,7 проценти и Грција со 8,9 проценти.

Најниски стапки на невработеност се забележани во Чешка од 2,8 проценти, како и во Полска и Малта, каде што изнесуваат по 3,1 процент.

Кај луѓето на возраст од 25 до 74 години со пониско ниво на образование, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 10,5 проценти, додека кај граѓаните со средно образование била 4,7 проценти, а кај оние со високо образование само 3,6 проценти, пренесува Танјуг.

Словачка имала највисока невработеност кај помалку образованото население од 38,8 проценти, пред Шведска со 20 проценти и Финска со 18,8 проценти, според веб-страницата на Евростат.