
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Грција се намали во јануари од 7,9 проценти во декември на 7,7 проценти, така што сега е на најниско ниво од ноември 2008 година, според извештајот објавен денес од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Невработеноста во Грција е значително пониска од 9,8 проценти регистрирани во јануари 2025 година.
Во Грција, во јануари се регистрирани 369.146 невработени лица, што е намалување од 3.907 во споредба со декември и 92.711 во споредба со јануари 2025 година.











