
Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Грција се намали во јули од ревидираните 8,1 проценти во јуни на 7,9 проценти, додека бројот на вработени лица е во пораст, според извештајот објавен денес од Грчкиот завод за статистика (ЕЛСТАТ).
Бројот на невработени се намали за 8.000 во споредба со јуни и за 45.192 во споредба со јули минатата година, на вкупно 376.508 лица.
Стапката на невработеност кај грчките мажи во јули се намали од јунските 7,1 проценти на 5,9 проценти, а кај жените од 11 на 10,4 проценти, така што родовиот јаз е сè уште изразен.











