Стапката на невработеност во Турција падна на 8,8 отсто во јули, од 9,2 отсто во јуни, објави во вторникот турскиот статистички институт ТуркСтат, јавува Анадолу.
Бројот на невработени во јули е намален за 112.000 на месечно ниво на 3,17 милиони.
Стапката на невработеност кај мажите е намалена за 0,5 отсто во однос на претходниот месец на седум отсто, а кај жените остана на 12,4 отсто.
Стапката на учество на работната сила изнесува 54,4 отсто, што е благ пораст од 0,1 отсто во однос на јуни.
Стапката на вработеност е зголемена за 0,3 отсто на 49,6 отсто, што е 32,7 милиони луѓе.
Невработеноста кај младите, кај лицата на возраст од 15 до 24 години, е намалена за 0,1 процентен поен на 16,6 отсто.