Стапката на невработеност во земјите на ОЕЦД е на рекордно ниско ниво

39

Стапката на невработеност во земјите од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) беше стабилна на рекордно ниско ниво од 4,9 отсто шести последователен месец во декември.

Бројот на невработени минатата година падна на 33,9 милиони во регионот на ОЕЦД, што е најниско годишно ниво, објави во вторник организацијата со седиште во Париз, додавајќи дека рекордот е постигнат во Полска, Словенија и САД, јавува Anadolu Agency.

Стапката на невработеност на ОЕЦД е непроменета во декември и кај жените и кај мажите, односно 5,2 и 4,7 отсто.

Стапката на невработеност кај младите од 15 до 24 години во декември е стабилна на 10,9 отсто во однос на претходниот месец. Во Европската унија и во еврозоната стапката на невработеност исто така се задржа на рекордно ниско ниво од 6,1 отсто, односно 6,6 отсто.

Надвор од Европа, невработеноста падна во Канада и САД и беше стабилна во Австралија, Јапонија и Мексико. Од друга страна, зголемен е во Колумбија, Израел, Јужна Кореја и Турција.