Стар телевизор секое утро во точно седум часот остава цело село без интернет

116

Цело село во Велс 18 месеци секое утро останувало без интернет, а главен “виновник“ за тоа бил еден стар телевизор, пишува ВВС.

Семејство во селото Аберхосан имало стар телевизор којшто емитувал сигнал што цело село секое утро точно во седум часот го остава без интернет. Жителите на селото година и половина мака мачеле со бавниот интернет. Надлежните неколку пати менувале кабел, но ниту тоа не дало никаков резултат, па проблемот бил решен дури кога набавиле уред за следење.

Сопственикот на “проблематичниот“ телевизор бил престрашен кога дознал дека тој е виновникот за бавниот интернет и веднаш се согласил да го исклучи и повеќе да не го користи.

Телевизорот емитувал импулсивен шум на високо ниво (SHINE), којшто предизвикува проблем на работата на другите електронски уреди. Експерти сметаат дека многу електронски уреди, од улични сијалици до микробранови печки, може да бидат потенцијална опасност за широкопојасниот интернет.

Фото: Pexels