Star Wars патики направени од овенати листови ананас

46

resistance_silver_life_cloesup_sq_web

Фото: Po-Zu

Производителот на чевли со седиште во Лондон Po-Zu, во соработка со Star Wars ја креираше лимитираната серија на патики наречена Silver Resistance, пишува Inhabitat. Патиките се комбинација на сребрена ткаенина од лен и пинатекс кожа направена од овенати листови ананас. Тие се рачно изработените во Португалија и се еколошки. Имаат влошка од мемориска пена, а однадвор се обложени со природен латекс.

Според основачот на Po-Zu, Свен Сегал, патиките се вегански, овозможуваат целосна комоција и не ја загадуваат околината. Купувачите веќе можат да порачуваат од линијата Silver Resistance, а првите пратки се очекува да бидат испорачани во октомври.

Само 1.000 примероци ќе бидат достапни за продажба, а оние што нема да успеат да купат, ќе можат да ги видат на лондонската дизајнерска недела заедно со останатите колекции на Po-Zu и Star Wars.