Куќата во која порано живееше американскиот бизнисмен, инвеститор, тв лице и автор е продадена за 54 милиони долари. Трамп го купи овој дом заедно со својата поранешна жена Ивана во 1982 година за 4 милиони долари.
Импресивната куќа има осум спални соби, 13 бањи, домашно кино, внатрешен базен, тениски терени, пространо зеленило со терени за голф и три апартмани за персоналот.
Целиот имот зафаќа површина од 23.500 метри квадратни.