Старбакс добива нов извршен директор

81

Старбакс, кој се бори со падот на продажбата и незадоволните инвеститори, во вторникот објави дека го заменува главниот извршен директор Лаксман Нарасимхан со Брајан Никол, претседател и извршен директор на Chipotle .

Нарасимхан, кој помина нешто повеќе од една година на чело на Старбакс, веднаш ќе се повлече од функцијата, објави кафе-гигантот од Сиетл, пренесува ФЕНА.

Никол ќе стане претседател и главен извршен директор на Старбакс на 9 септември. Главниот финансиски директор Рејчел Ругери дотогаш ќе биде привремен извршен директор.

Акциите на корпорацијата Старбакс скокнаа за повеќе од 21 отсто во утринското тргување во вторникот.

Нарасимхан, долгогодишен извршен директор на PepsiCo, кој беше и главен извршен директор на Reckitt, британска компанија за здравје на потрошувачите, стана извршен директор на Starbucks во март 2023 година.