Старбакс е уште еден меѓународен бренд кој прекинува со работа во Русија

Старбакс е уште еден меѓународен бренд кој прекинува со работа во Русија поради воената агресија на оваа земја врз Украина.

Ланецот кафулиња, чие седиште е во Сиетл, Вашингтон, а е познат низ целиот свет се реши на ваков чекор откако претходно и Мекдоналдс официјално објави дека ја суспендира работата во Русија. Тоа значи дека компанијата ќе прекине со испорака на своите производи, а носителот на лиценцата во Русија привремено ќе ги затвори сите локали.

Околу 2 000 вработени, како што наведува извршниот директор Кевид Џонсон, ќе добијат финансиска поддршка.