Старбакс пристигнува во Подгорица – инвестиција вредна 5 милиони евра

126

Најголемиот синџир на кафетерии во светот Старбакс до крајот на годината ќе го прошири своето работење во Црна Гора, најави градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ.

Како што наведе во објава на својот Фејсбук профил, тоа е резултат на средбата со претставници на „Зерен Холдинг“ од Велика Британија, која соработува со сопствениците на познатата франшиза.

Тој додаде дека се работи за инвестиција вредна 5 милиони евра, а ќе се отворат 50 работни места.