Старбакс со раст на профитот и приходите

34

Американскиот ланец на кафе Старбакс во последниот квартал од минатата година оствари приход од 9,4 милијарди долари, што е за осум отсто повеќе во однос на истиот период лани, а нето добивката се зголеми за околу петтина до една милијарда долари.
Растот на приходите и профитот беше помал од очекувањата на Волстрит, но инвеститорите сепак ги наградија деловните резултати со раст на цените на акциите, објави телевизијата ABC.

Акциите на Старбакс пораснаа за 3,74 отсто до 97,60 долари во продолженото тргување по објавувањето на резултатите на Њујоршката берза во вторникот.Аналитичарите од Волстрит прогнозираа раст на приходите од 10,2 отсто и раст на профитот од 22,5 отсто.

Продажбата во американските локали порасна за пет отсто, што е повторно помалку од очекувањата на аналитичарите, а компанијата очекува меѓу седум и десет отсто раст на приходите оваа година во споредба со лани. Добивката треба да расте меѓу 15 и 20 проценти.

Продажбата во Кина порасна за десет отсто во последниот квартал од минатата година, додека вкупната меѓународна продажба порасна за седум отсто.

До крајот на својата фискална 2025 година, Старбакс планира да ги удвои платите на вработените во споредба со оние во фискалната 2020 година. Во исто време, планира да спроведе „план за ефикасност“ во текот на три години, што е подобро од отпуштањата. Планот се очекува да заштеди три милијарди долари.