Starbucks ги исфрла пластичните цевчиња од употреба

20

Американската компанија Starbucks изјави дека до 2020 ќе ги повлече сите пластичните цевчиња од нејзините продавници.

Со овие промени познатиот ланец на кафетерии ќе елиминира повеќе од милијарда пластични цевки годишно, пишува CNN.

Starbucks ги менува и капачињата на чашите, односно наместо рамните капачиња што ги “држеа“ цевчињата, компанијата ќе почне да користи “подигнати“ капачиња за полесно пиење.

Чашите за одредени кафиња, како фрапучиното, ќе вклучуваат хартиени цевчиња или цевчиња од разградлива пластика. Купувачите кои претпочитаат цевчиња за други пијалоци ќе може да побараат нови еколошки верзии.

Starbucks ќе почне да ги нуди новите капачиња за сите пијалоци оваа есен, почнувајќи со продавниците во Ванкувер и Сиетл.

Компанијата веќе “донираше“ 10 милиони долари да помогне во креирање на разградливи чаши за топли напитоци.

Фото: Pixabay