Starbucks ги зголемува платите на сите свои вработени во САД

54

llАмериканскиот ланец на кафетерии Starbucks од октомври годинава ќе им ги зголеми платите на сите свои вработени во САД, пишува Huffington Post.

Извршниот директор на компанијата, Хауард Шулц изјави дека освен зголемувањето на основната плата за најмалку пет проценти, вработените ќе заработат двојно повеќе од акциите на компанијата на годишно ниво.

Кумулативниот ефект според Шулц, ќе биде зголемување на вкупниот надоместок од 5% до 15% за околу 150.000 вработени на компанијата низ целата земја. Овој потег доаѓа само неколку дена откако повеќе од 12.000 вработени потпишаа онлајн петиција обвинувајќи го најголемиот ланец на кафетерии во светот за екстремни рестрикции на работните часови.

Starbucks бележи намален раст, што беше причина компанијата да имплементира софтвер преку којшто купувачите можат да нарачуваат и да плаќаат онлајн со цел да се намали периодот на чекање и да се зголеми продажбата. Некои од баристите го протолкуваа ова како директна закана за нивните работни места и токму затоа беше потпишана и петицијата.