Starbucks им овозможува бесплатно студирање на своите вработени

26

India's Starbuck chain

Вработените во Starbucks ќе имаат можност да добијат бесплатно високо образование преку онлајн програмата на Државниот универзитет во Аризона, почнувајќи од оваа есен, пренесува USA Today.

Новата иницијатива, прва од ваков вид, ќе им овозможи на над 135.000 вработени во Starbucks да дипломираат, без да бидат обврзани по завршување на студиите да ги вратат парите за школарината или да останат да работат во компанијата. Студиите ќе бидат финансирани од Starbucks во соработка со Државниот универзитет во Аризона.

“Starbucks смета дека човечкиот капитал е една од најважните работи во кои мора да се инвестира“, смета претседателот на Државниот универзитет во Аризона, Мајкл Кроу.

Според програмата, вработените кои работат најмалку 20 часа во неделата ќе добијат целосен надомест за школарината доколку се запишат на онлајн програмата на Универзитетот.

Другите вработени кои имаат помалку работни часови ќе можат да аплицираат за стипендија во вредност од 6.500 долари.

Целта на оваа програма е да им се помогне на студентите во целата земја да можат да го завршат високото образование без да имаат долгови за исплата на школарината во иднина.