Starbucks ќе вработи 2.500 бегалци во Европа

53

star

Фото: Starbucks

Најголемиот ланец на кафетерии во светот, Starbucks, планира до 2020 година да вработи 2.500 бегалци во Европа во рамки на глобалната програма за помош на бегалци. Оваа бројка е дел од планираните 10.000 работни места за бегалци во американскиот ланец ширум светот.

Starbucks ќе соработува со организациите што им помагаат на бегалците во Велика Британија, Франција, Австрија, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Германија и Холандија.

Компанијата неодамна соопшти дека ќе вработи најмалку 1.000 бегалци во следните пет години во Канада, пишува Seattle Times.