Starbucks од следната година и во Милано

47

628x-1Милано ќе биде првиот италијански град што ќе добие Starbucks кафетерија, а отворањето се очекува да биде следната година, пишува CNN.

Извршниот директор на Starbucks, Хауард Шулц кога во 80-тите години го посетил овој италијански град решил да ја донесе романтиката и театарот на италијанските кафетерии во САД, односно инспирацијата за својот бизнис ја нашол токму во Милано. По цели 33 години компанијата на Шулц брои вкупно 21.000 кафетерии во 70 земји, од коишто 38 се во Европа, Блискиот Исток и Африка.

За остварување на проектот е ангажиран и италијанскиот бренд Percassi Group.

Според претседателот на компанијата Антонио Перкаси, ќе биде “уникатен предизвик” земјата на кафето да се “претстави” пред Starbucks, но тој е уверен дека Италијанците се подготвени за едно поинакво Starbucks искуство, што ќе се разликува од она на што се навикнати луѓето во другите земји.

Од Starbucks велат дека еспресото ќе биде “ѕвезда на шоуто”, потенцирајќи дека ќе претстават една нова мешавина на кафе.