Грижејќи се за животната средина, којашто е под голема закана од стари пластични шишиња, германскиот еколог и иноватор, Андреас Фроесе, дојде до необична идеја.
Тој разви посебна техника, којашто подразбира трансформирање на пластичните шишиња во тули за ѕидање. Секое празно пластично шише се исполнува со кал, се поврзуваат капачињата на шишињата и на тој начин многу лесно може да се соѕида и да се формира ѕид.
Критичните точки, коишто треба да му ја дадат неопходната статичка стабилност на објектот, Фроесе ги изработува од бетон.
Објекти од ваков вид досега се изградени во Уганда, Мексико, Боливија, Сенегал…