Starlink, сателитски систем за обезбедување Интернет конекција во тешко достапните области, на Илон Маск наскоро би можел да добие конкуренција од Русија.
Институтот за дизајн за петта генерација, којшто е дел од високотехнолошкиот центар во Новосибирск, планира да лансира мали сателити.
“Нашите идни планови вклучуваат лансирање на мали сателити за воспоставување комуникации во сегментот М2М (машина-за-машина)“, соопштија од рускиот институт, но не прецизираа во која временска рамка тоа треба да се случи.
Фото: Facebook