Starlink интернетот достапен во 32 држави, наскоро и во Македонија

279

Сателитската интернет услуга на “SpaceX”, “Starlink”, сега е достапна во 32  земји, објавила компанијата.

Основачот и извршен директор на SpaceX, Илон Маск, преку Twitter соопшти дека интернетот Starlink сега е достапен во 32 земји, вклучувајќи делови од Австралија, Бразил, Чиле, САД, Канада и поголемиот дел од Европа, и дека опремата може да се испорача „веднаш“.

Хрватска е веќе меѓу земјите каде што е достапен Starlink интернетот, услугата е достапна кај нашите соседи Бугарија и Грција. БиХ и Србија сè уште се листа на листа на чекање, а Македонија спаѓа во групата „наскоро“. Starlink заживеа минатата година, од септември 2021 година беше достапен во 12, а од февруари во 25 земји.

На нивната веб страна се наоѓа и мапа која прикажува каде сè е достапна оваа услуга.