Старт–ап исповед: Фатални грешки што ја “убија” компанијата пред да почне со работа

46

start up

Карлос Таборда, извршен директор на cloud платформата Wеbbynode, ги откри фаталните грешки што ги направи, а чие влијание беше пресудно за неуспехот на неговиот старт – ап бизнис.

Дваесет и осумгодишниот Таборда има богато искуство бидејќи работел за голем број успешни компании. Тој се смета за ветеран – претприемач, бидејќи во 2010 година го започнал неговиот нов бизнис, убеден дека неговата идеја ќе успее, пишува Бизнис инсајдер.

Таборда и неговиот бизнис партнер ги правеа првите чекори кон креирање на StackFu, платформа за споделување на конфигурации на сервери што требаше да добие на големина како и Github, платформа за размена на кодови на софтвер. Но, за жал, проектот не доби на значење, а една од главните грешки според Таборда е тоа што неговиот бизнис се фокусираше на производот што беше дизајниран по негова мерка и за негови потреби, а не на тоа колку тој може да биде корисен на пазарот.

Една од главните грешки е во тоа што новосоздадениот производ значеше решавање на негов проблем, што е погрешно, бидејќи нуди производ што не е корисен за пошироката јавност.

Иако во проектот биле ангажирани голем број технички лица, тоа не беше доволно да се даде експертски став за производот. Таборда смета дека не е доволно само да се има доволно талентирани техничари за да може платформата да допре до сите заинтересирани луѓе. “Кога имате преполн брод, во тој случај е многу тешко да управувате и да маневрирате со него“, заклучува Таборда, мислејќи на големиот тим од соработници.