Старт-ап Истанбул: Сретнете се со инвеститори од 500 Startups, Y Combinator, Techstars…

23

start up istanbul

Со почетокот на месец октомври стартува и најголемиот старт-ап настан во Југоисточна Европа. Старт-ап Истанбул е еден од водечките старт-ап настани, кој на едно место успева да ги собере најдобрите основачи, инвеститори и менаџери од регионот, а оваа година се одржува од 3 до 5 октомври.

Настанот е ексклузивен собир на водечките старт-ап, интернет компании, ангел инвеститори и Venture Capital фондови од Европа и Азија. Секоја година повеќе од 100 стартапи, 200 инвеститори и 1.500 присутни доаѓаат во Истанбул за да бидат дел од овој настан.

Како дел од настанот ќе има и старт-ап натпревар на кој 100 стартапи ќе можат да се претстават пред инвеститорите, а дел од говорниците на конференцијата се Мортен Лунд, инвеститор во Skype, Роналд Ханс, коосновач на Wetransfer, Дејв МекКлур, основач на 500 Startups акцелератор и многу други.

Старт-ап Турција и Старт-ап Истанбул настаните се организирани од страна на Etohum. Некои од инвеститорите и компании кои присуствувале на овие настани претходните години се: MasterCard, PayPal, Intel Capital, Google Ventures, 500 Startups, Accel Partners, Simile Ventures.

“Минатогодишниот победник на Старт-ап Истанбул предизвикот – платформата за коресподенција connected2.me доби инвестиција од 432.000 долари и продолжи да се развива во Силиконската долина. Би сакале оваа година меѓу оние коишто успешно ќе поминат на овој настан да видиме некој македонски старт-ап. Затоа, сите заинтересирани субјекти, без разлика дали се старт-ап или само посетители, може да се регистрираат додека сè уште има слободни места”, стои во соопштението.