Фото: Pentatonic
Pentatonic, старт – ап од Велика Британија креираше линија на мебел и останати производи од прехранбен, електричен, пластичен и текстилен отпад, пишува Dezeen.
Основачите на компанијата, Џејми Хол и Јохан Бодекер, користејќи специјален метод ги трансформираат отпадните материи во корисни работи од домаќинството.
Отпадот што го користат го одбираат според неговите карактеристики. Тука спаѓаат смартфони, конзерви и отпушоци од цигари. Кога се користи пластика, отпадот се мие и сортира пред да биде претворен во пелети од коишто потоа се формира мебелот.
Столиците и масите се дизајнирани на таков начин да можат да се наместат без користење на алати, самите компоненти помагаат во конструкцијата на секој дел. Со тоа, отпадот е сведен на минимум и не се употребуваат токсични лепила или смола.
Клиентите можат повторно да ги продадат парчињата од својот мебел на Pentatonic, така што тие можат да се рециклираат и повторно да се воведат во синџирот на снабдување.