Старт-ап лидери од седум балкански заедници работеа заедно на #BalkanChangeMakers викенд

16

unnamed

На 27 и 28 август во Струга, Македонија, за работниот #BalkanChangemakers викенд се собраа шеснаесет учесници, претставници од Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија и фасилитатори од САД. Овој настан е почетен и заеднички е организиран од страна на Нина Николиќ, SECO EP Еко-систем фасилитатор во Македонија и BCW водечки организатор, Армин Коњалич, регионален директор на  East-West Digital News и BCW организатор и Мерилин Харис, дипломец на Универзитетот Стенфорд и BCW водечки организатор. Овој настан беше поддржан од Програмата за претприемништво SECO (SECO EP), проект кој е поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од страна на Swisscontact, заедно со J.E. Остин. Целта на овој настан беше да се најдат начини да се вклучат повеќе луѓе во претприемништвото низ регионот на Југоисточна Европа.

Трејси Спаркс, која е родена во САД, а живее во Македонија, е консултант за иновации и design thinking методологијата, заедно со  Мерилин Харис ги фасилитираа сесиите за да се идентификуваат клучните потреби во генерирање на идеи кои доаѓаат од потребите на заедницата. За претприемачите, некои од овие пошироки проблеми во регионот вклучуваат:

  • Наоѓање ко-основач кој ја дели истата визија, поседува вештини потребни за тимот и се вклопува во културата на тимот.
  • Добивање на поддршка потребна за компанијата да напредува во однос на менторство, капитал, развој на внатрешните процеси и управување со промените во микро-културата кои доаѓаат со ова.
  • Идентификување на партнери, кои ќе им помогнат да влезат на други регионални и глобални пазари.
  • Недостаток на другите бизниси и иницијативи, кои се фокусираат на обезбедување на балканскиот пазар како целина за поддршка на дигитални производи.

За организациите кои ги поддржуваат претприемачите, вклучувајќи акцелератори, инкубатори, центри, co-working простори и други организации, настани итн… проблеми со кои се соочуваат се следниве:

  • одржливи модели за финансирање
  • регионални и глобални партнери за проширување на програмите.

На првиот #BalkanChangeMakers викенд учествуваа претставници од SECO EP Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина; Oficina во Тирана, Албанија; HUB385 од Загреб, Хрватска; Innovation Centre Kosovo и UNICEF Innovations Lab Kosovo од Приштина; StartUp Grind и StartUp Weekend во Скопје, StartUp Zone од Охрид, Startup Macedonia. Меѓу присутните учесници беа и двајца старт-ап основачи Vollo од Хрватска и Brainster од Македонија.

Во текот на работниот викенд, беа формирани три тима и генерираа голем број на идеи за креативно решавање на овие потреби. Од над 100 идеи, групата издвои пет можни решенија кои ги презентираа пред остатокот од групата со цел да се види кои од нив можат да се развијат понатаму во пилот проекти.

До недела на пладне, целата група направи комбинација од аспекти на овие идеи во решение кое може да се спроведе во рок до дванаесет месеци со јасни, директни чекори и лидер за секоја група. Ова решение е онлајн платформа за балканските земји, насочена кон подобрување на комуникацијата и споделувањето информации преку регионалните центри за да можат претприемачите да добијат целосна слика за можности и ресурси кои им се достапни во овој регион. Оваа иницијатива ќе биде придружена со настан на подоцнежен датум, кој ќе помогне при прекугранично вмрежување и соработка, но и интерна кохезија во старт-ап тимовите.

#BalkanChangeMakers викенд беше важен прв чекор во поддршка на прекугранична соработка, а тимот е спремен да работи на понатамошно развивање на оваа иницијатива. Ние сме заинтересирани за вклучување на старт-ап заедници од сите балкански земји, а исто така активно бараме партнери и соработници за реализација на оваа храбра креација. Ако сте заинтересирани да ни се приклучите, ве молиме испратете е-маил: BalkanChangeMakers@gmail.com.