Старт – ап нуди бесплатни to – go чаши за кафе за неограничена употреба

85

Американски старт – ап, наречен Vessel Works, креираше to – go чаши за кафе коишто ќе можат да се “резервираат“ во кафетерии и подоцна да се вратат во определени киосци.

За стартување на програмата е одбран градот Болдер во Колорадо, САД и четири тамошни кафулиња, со надеж дека оваа бројка за кратко ќе стане голема и мрежата ќе се рашири. Клиентите за да учествуваат во бесплатниот систем користат апликација, а доколку некој не ја врати чашата за пет дена ќе му се наплати. Со користење учесниците во програмата добиваат и известување колку придонеле за околината, пишува Fast Company.

Vessel Works to – go чашите се изработени од нерѓосувачки челик, а пијалaкот ја задржува својата топлина или останува ладен, во зависност од изборот. Тие се чистат темелно по употребата и се носат во секое кафуле што учествува. Чашите се лесни за складирање и чување и не зафаќаат многу место.

Тимот се надева дека ова ќе стане популарна алтернатива на пластичните чаши и дека клиентите побрзо ќе ја присвојат оваа варијанта отколку да носат чаши од дома.

Фото: Facebook