Старт-ап викенд: Во Хаб Скопје 15 тимови разработуваа и презентираа идеи

25

11

Изминатиот викенд се одржа шестото и воедно најбројно издание на Стартап Викенд Скопје. Домаќин на околу 80 учесници, кои заедно со 22 ментори ги развиваа своите идеи беше HUB Скопје.

22

Во времетраење од 54 часа, од презентирани 20 идеи беа создадени 15 тимови, кои во два дена ги разработуваа своите старт-ап бизниси. Тимовите работеа со ментори, кои ги советуваа околу дизајнирање на апликации, маркетинг, креирање на бизнис и со нивна помош ги подготвуваа презентациите. Последниот ден, тимовите ги презентираа своите идеи пред шестчлено жири, а за најуспешни беа прогласени Readline (трето место), Jukebox (второ место) и тимот CABICO со својата мобилна платформа за брзо повикување или закажување на такси во одреден временски период со можност за ride-sharing и безготовинско плаќање (прво место).

33

Главен покровител на настанот беa Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија и UNDP.