Стартап од Абу Даби привлече понуди вредни 25,8 милијарди долари

105

Presight AI Holding, стартап за анализа на податоци во сопственост на G42 на Абу Даби, привлече понуди вредни 25,8 милијарди долари за котација од 496 милиони долари, што е уште еден знак за силна побарувачка за јавни понуди (IPOs) на Блискиот Исток.

Ова е втора компанија во Абу Даби што ќе биде котирана оваа година. Сопствениците на арапскиот стартап продаваат 1,36 милијарди акции по цена од 1,34 дирхами по акција, а се очекува да започнат со тргување на 27 март, пишува Bloomberg.

Блискиот исток продолжува да биде светла точка кога станува збор за котирањата на глобално ниво, особено минатата година, кога високите цени на нафтата ги поттикнаа берзите и привлекоа инвеститори. Најмалку осум компании се очекува да котираат во Абу Даби оваа година, изјави владин претставник претходно овој месец.

Сопственикот на арапскиот стартап G42 е компанија за вештачка интелигенција со операции кои опфаќаат од енергија до здравството. Минатата година, фирмата продаде акции во Bayanat, фирма за геопросторни и аналитички податоци.

Фото: Pixabay