Стартапи од цела Македонија, обединете се!

26

16406624_1861032030841691_1371115375626901007_n

Startup Macedonia и Seavus Incubator ги повикуваат сите стартапи од цела Македонија да се приклучат на старт – ап дискусија во вторник, на 07.02.2017 во Сивус инкубаторот. Настанот Стартапи од цела Македонија, обединете се!, кој е дел од Европската старт -ап недела, ќе започне во 17 часот.

“Време е да им дадеме глас и на стартапите од другите градови, не само од Скопје. Има фантастична старт-ап сцена во Македонија и сакаме да ја запознаеме и здружиме”, велат организаторите.

Гости на настанот ќе бидат:

Со презентации ќе се претстават:

  • Microsoft Macedonia кои ќе ја претстават својата BizSpark програма за стартапи. Преку оваа програма стартапите можат да аплицираат за бесплатен софтвер.
  • Студентската организација AIESEC Macedonia која ќе ја претстави својата програма за глобално претприемаштво. AISEC сака да отвори соработка со македонски стартапи за практикански позиции на младите претприемачи.
  • ЦЕЕД Хаб Скопје ќе ја претстави својата нова акцелераторска програма за развој на стартапи во почетна или рана фаза.