Американскиот старт – ап Heliogen, којшто е поддржан од Бил Гејтс, успешно “произведе“ доволно количина на сончева енергија, генерирајќи температура од над 1.000 степени целзиусови.
Ова е досега највисоката температура добиена од сончева енергија, што е доволно за да се заменат фосилните горива од некои индустрии како производство на цемент или челик.
Тимот од стартапот успеа да го направи ова со помош на вештачка интелигенција, поточно компјутерска визија, преку правилно насочување на голем број огледала спрема една цел.
“Heliogen ги постигна рекордните нивоа на произведена топлина и тоа на првиот ден од работењето на фабриката“, вели директорот Бил Грос.
Стартапот се надева дека ќе генерира температури од 1.500 степени целзиусови, што би било доволно да се создаде хидроген и синтетички гас.
Фото: Heliogen