Стартапот Plenty ќе гради 300 вертикални фарми за органско производство во Кина

60

purpose-hand-we-build

Фото: Plenty

Стартапот за вертикално земјоделство, Plenty којшто е поддржан од Џеф Безос, планира да изгради 300 внатрешни фарми за органско производство во Кина, како одговор на побарувањата за ваков вид на култури во земјата.

За разлика од традиционалните фарми, овие ќе произведуваат растенија во кули од шест метри осветлени со LED сијалички, пишува Business Insider. Нема да биде потребна почва, пестициди, па дури и природна светлина. Ваквиот начин на одгледување на култури се нарекува вертикално земјоделство.

Првата фарма ќе започне со работа следната година, а стартапот ќе отвори центри во Пекинг и Шангај каде клиентите ќе можат да ги вкусат производите.