Startup Europe Week по втор пат во Скопје

7

16508051_1646430535661146_1850957435637036351_n

Инвеститори, стартапи, медиуми и co-working простори ќе го споделат своето искуство во градење на македонската старт – ап заедница на 10.02. (петок), со почеток во 12 часот, во Eu Info Center Skopje.

Во првиот дел ќе се зборува за македонските стартапи преку бројки и факти, како и за соработката меѓу стартапите и нивните инвеститори. Панелисти во овој дел ќе бидат:

  • Ивана Станковиќ од SCV vs Нино Карас oд LETZ
  • Петар Андреевски, ангел инвеститор vs Никол Соколов од Buzz
  • Kатерина Кречева од ФИТР vs Дениел Димов oд Mobidonia
  • Пеце Ангелковски од CEED vs Петар Ниновски од Brainster

Вториот дел е посветен на улогата на медиумите во градење на старт – ап културата, а ќе зборуваат Mите Кузевски од ИДЕА, организатори на Новинарски стартап натпревар, Верица Јорданова од Inovativnost.mk и Игор Петровски од Капитал.мк.

Третиот дел ќе биде посветен на co-working културата во Македонија и како се развива. За просторите за заедничко работење ќе зборуваат:

  • Aлександар Велиновски од Public Room
  • Eмир Слезовиќ од Funky CoWorking Friday
  • Софија Спировска од Seavus Incubator
  • Јована Петковска од CEED Hub Skopje
  • Ирена Чаушевска од Newman’s Аccelerator

Startup Europe Week e европски настан кој го слави иновативното претприемништво и стартапите и кој се одржува во 40 земји истовремено. Организатори на настанот во Скопје се Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Inception Enterprises и EMKICE.

Настанот е отворен за сите заинтересирани старт-ап ентузијасти и претприемачи. Потребно е само да се пријавите на eventbride.

Повеќе информации за настанот ќе најдете тука.