Startup Istanbul: Претприемачи и инвеститори од 63 земји на конференција во Турција

22

turcija

Вкупно 1.000 претприемачи, инвеститори и бизнисмени од 63 земји ќе се сретнат во Турција, на Startup Istanbul, да ги разменат своите бизнис и инвестициски погледи. Конференцијата што ќе се одржи од 6 до 10 октомври, е организирана од страна на бизнис асоцијацијата на Сојузот на стопански комори на Турција (ТОББ) и групата Etohum.

“Истанбул може да се позиционира не само како главен центар за мултинационалните компании, туку и за стартапи од Азија, Европа и Африка. TOBB Startup Istanbul е првиот чекор по патот Истанбул да стане глобален центар на претприемништвото”, изјави првиот човек на ТОББ, Рифат Хисарчиклиоглу, истакнувајќи дека повеќе од половина од успешните стартапи во САД се основани од имигранти, пишува Хуријет.

На настанот, избраните претприемачи ќе имаат можност да ги презентираат своите бизнис модели пред некои од водечките инвеститори во светот, како што се претставниците од Abraaj Capital, 500Startups, Andreessen Horowitz, YCombinator, Lumia Capital, Wamda Capital и Rubicon Capital. Своите ставови за претприемачката клима во земјата и своите пораки ќе ги споделат и водечки турски бизнисмени.