Фото: Tesla
Извршниот директор на компанијата Tesla, Илон Маск објави на својот Twitter профил дека електричниот автомобил Model 3 ги исполнил барањата на регулаторите за производство две недели пред рокот. Автомобилот ќе почне да се произведува од овој петок, пишува Bloomberg.
Компанијата на 28 јули ќе организира свечено предавање на Model 3 за првите 30 клиенти. Tesla планира да произведе 100 автомобили во август, а во декември да го прошири производството на 20.000 автомобили месечно.
Од компанијата велат дека автомобилот со пет седишта може да помине 133 километри со едно полнење на батеријата. Model 3 првпат беше претставен во март 2016 година, а минатата пролет 373.000 луѓе уплатиле депозит од 1.000 долари за ова возило. Цената на Model 3 изнесува 35.000 долари.