Стартува вториот Инстаграм фото конкурс на One

19

images (2)Денес на Попова Шапка телекомуникацискиот оператор Оne го најави стартот на вториот Инстаграм фото конкурс, во присуство на претставници на медиумите и десетина корисници на популарната мобилна апликација.

Како што соопштија од компанијата, по исклучително успешниот проект ONE#Letogram, операторот сега лансира нов награден фото конкурс, овојпат, за најдобра зимска Инстаграм фотографија, насловен како ONE#Zimogram.

“По втор пат Оne ја отвора можноста сите македонски инстаграмџии да ги споделат своите фотографии и уште еднаш да покажат дека со мобилните телефони се создава и уметност. Најавувавме почеток на уште една возбудлива, овојпат зимска Истаграм сезона”, изјави Емилија Зографска, менаџер за Односи со јавност во Оne.

Конкурсот ќе биде во три фази. Во првата фаза, која ќе трае од 29 јануари до 28 февруари заинтересираните можат да ги пријават своите фотографии на Инстаграм со додавање на тагот #Zimogram на својата јавно објавена фотографија.

Во втората (од 1 до 6 март), тричлено стручно жири ќе ги одбере најдобрите  фотографии, за кои ќе се гласа на Facebook фан страната на Оne во периодот од 6 до 15 март. Победниците ќе бидат прогласени на 15 март, исто на Facebook страната на операторот.

Авторот на најдобрата фотографија ќе биде награден со Samsung Galaxy SIII mini, а авторите на второ и трето избраните фотографии со специјално дизајнирани ракавици за екрани на допир.