Мобилната апликација за пристап до социјалната мрежа Truth Social, развиена на иницијатива на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, е достапна во AppStore од денеска.
Креаторите на Truth Social ја лансираат социјална мрежа на националниот празник – Денот на претседателот, кој традиционално се одбележува во третиот понеделник во февруари.
Последните недели од неговиот мандат како претседател на САД, Трамп имаше блокирани сметки на Твитер, Фејсбук и Инстаграм. Ова се случи набргу откако неговите приврзаници упаднаа во Конгресот на 6 јануари 2021 година и се обидоа да го спречат одобрувањето на резултатите од минатогодишните претседателски избори.











