Статистика слави 75 години постоење

79

Државниот завод за статистика денеска прославува 75 години од своето постоење.

Со одлука на тогашната Влада на Народна Република Македонија, на први јуни 1945 година е формиран Македонскиот федерален статистички уред. Истовремено со формирањето на Македонскиот федерален статистички уред се организирани и статистички уреди во рамките на локалните органи на власта, со задача да учествуваат во прибирањето на основните статистички податоци и да помагаат во спроведувањето на статистичките истражувања за потребите на повисоките органи на власта.

“Еден од најважните приоритети на институцијата – грижата за професионалниот кадар – останува и во иднина. Без изградени професионални и посветени човечки ресурси, невозможни се технолошкиот напредок и користењето на сите информатичко-комуникациски новитети. Друг важен приоритет се меѓуинституционалната поврзаност и градењето стратегиски партнерства, особено во рамките на Националниот статистички систем, што ќе овозможи максимална искористеност на капацитетите, координираност во прибирањето податоци, поголема меѓународна споредливост и повеќе задоволни корисници“, велат од Државниот завод за статистика.

Фото: Stat.gov.mk