Сте слушнале ли за правилото пет минути?

564

Следниот пат кога нешто ве мрзи да направите пробајте ја оваа метода. Сигурно ви се случило да прелистувате стотина слики на Instagram наместо да работите нешто корисно. Има лек и за тоа. Интересно е што совет за мрзливост ни доаѓа токму од директорот на социјалната мрежа којашто често нè спречува да бидеме продуктивни и вредни.

Кевин Систром, коосновач на Instagram, вели дека најважниот час кој си го посветува само за себе е наутро. Тогаш вежба 60 минути. Тој не е единствен кој вежба наутро за да биде попродуктивен. Овие навики ги делат и директорот на Apple, Тим Кук, основачот на Twitter, Џек Дорси, основачот на Virgin Group, Ричард Бренсон…

Правило на пет минути

Систром има правило кое му помага да се ослободи од одолговлекување на обврски и мрзливост.

“Ако нешто не сакате да направите, а знаете дека би требало, склопите сами со себе договор тоа да го правите барем пет минути. После пет минути ќе заборавите дека сте си дале себе си рок и ќе завршите сè“, порачува Систром.

Сетете се колку пати сте чуле дека најдобар начин нешто да завршите е да почнете. И тоа е всушност најтешкиот дел. Мотивирањето себе си на почеток е најголема борба. Но, што ако си кажете на себе си да работите само пет минути? Тогаш е полесно да го преземете првиот чекор.

Фото: Pixabay