
Производителот на автомобили „Стелантис“ оваа недела објави дека отворил нарачки за своето мало електрично возило „Фиат Тополино“ во САД, со почетна цена од 13.995 долари (12.800 евра).
Иако „Тополино“ наликува на мал автомобил како „Фиат 500“, ова електрично возило всушност е квадбајк кој функционира повеќе како количка за голф.
Стелантис објави дека Тополино може да достигне брзина од 30 километри на час со електричен досег до 74 километри. Комплетот за конверзија со мала брзина може да ја зголеми максималната брзина на 40 километри на час за да биде легално возењето по патишта со ограничување на брзината од 56 километри на час или помалку, според трансатлантскиот производител на автомобили.
Тополино се произведува во Мароко. Компанијата соопшти дека ќе биде достапен во ограничени количини оваа година како модел со тврд покрив и врати, или како кабриолет Долче Вита со мек покрив и јаже наместо врати.










