Стелантис откупува акции во износ од 1,5 милијарди евра

57

Автомобилскиот гигант Stellantis најави откуп на акции во износ од 1,5 милијарди евра,  откако високите цени на возилата и растот на побарувачката им донесоа добри финансиски резултати.

Производителот на автомобили, предвидувајќи уште една година со двоцифрен принос, очекува зголемувањето на цените на возилата да се забави оваа година во споредба со 2022 година, бидејќи недостигот на чипови се намалува и производството расте. Оперативниот профит на компанијата минатата година се зголеми на 13 отсто, надминувајќи ги очекувањата, пишува Bloomberg.

„Зголемувањето на цените во 2022 година беше значително, а во 2023 година ќе биде помало. Предизвикот за 2023 година ќе биде како да се компензира инфлацијата преку цените, но и да се подобри индустриската ефикасност“, изјави финансискиот директор на компанијата, Ричард Палмер.

Производителите на автомобили сè уште се борат да набават доволно делови, а логистичките нарушувања го зголемуваат конфликтот, што ги одложува испораките. Недостигот од возачи на камиони и возови во втората половина од годината остави илјадници автомобили заглавени во фабриката на Стелантис во Сошо во источна Франција, додека Фолксваген исто така објави дека поради прекините има голем број непродадени возила.

Stellantis објави дека минатата година е постигната рекордна профитабилност во сите региони во кои работи, вклучително и во Европа. Приносите во текот на втората половина од годината се намалени во однос на првата поради нарушувања во синџирите на снабдување.