Стелантис планира околу 2.250 привремени откази

21

Производителот на автомобили Stellantis планира да отпушти приближно 2.250 работници во фабриката Мирафиори во Торино на неколку недели поради слабата побарувачка, соопштија синдикатите.
Во периодот од 12 февруари до 3 март без работа ќе останат 1.250 работници кои го произведуваат електричниот Fiat 500 и уште 1.000 кои произведуваат автомобили Maserati, изјави портпаролот на компанијата, потврдувајќи ја изјавата на синдикатот.

Синдикатите  најавија дека се загрижени за отпуштањата, повикувајќи го Стелантис што поскоро да седне на маса и да разговара за најавениот прекин на работата. Производителот на брендови, меѓу кои и Fiat, Peugeot и Chrysler, направи слични потези минатата година во периодот од 19 октомври до 3 ноември, поради повеќекратниот пад на побарувачката, потсетува Reuters.

Италијанскиот синдикат ФИМ ЦИСЛ минатата недела соопшти дека граѓаните го одолговлекуваат купувањето на електрични возила бидејќи чекаат државни стимулации кои Владата во неколку наврати ги најавуваше минатата година, а сè уште не ги понуди.